Добредојдовте на Platinavrata веб страницата (дефиниран подолу). Со негово користење Вие се согласувате со Условите на користење (детално дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања обратете ни се. Политиката за приватност и заштита на лични податоци заедно со овие Услови на користење, збирно се нарекуваат Услови на употреба.
ПОДАТОЦИ ЗА ДРУШТВОТО
Друштво за транспорт трговија производство и услуги ТРАНС ИНТЕР ДОО експорт-импорт Скопје. Седиште: ул. Иван Козаров бр. 15 Скопје. Телефон: 02/2465171 Email: info@platinavrata.mk. Дејност: Товарен патен транспорт
ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА КОРИСТЕЊЕ ТРАНС ИНТЕР ДОО Скопје (во понатамошниот текст Транс Интер или ТРАНС ИНТЕР ДОО Скопје), е сопственик на веб страницата веб страницата www.Platinavrata.mk (“Platinavrata”, “ние”, “наше” или “нас”). Platinavrata Ви овозможува користење на услуги и содржини на својата веб страница (web site) во согласност со овие
УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ, кои се применуваат на сите содржини и услуги на веб страницата www.Platinavrata.mk. Се смета дека корисниците се запознаени со овие услови доколку го користат било кој дел од нашиот сајт, како и дека прифаќаат дека користење на веб страницата е единствено за лична потреба на корисникот и на негова сопствена одговорност. Исто со користење на било кој дел од нашиот сајт така се согласувате и со нашата Политика за приватност и заштита на лични податоци лоцирана на следниот линк Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. ТРАНС ИНТЕР ДОО Скопје има право да ги измени и дополни овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови, затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се изменат со правни известувања и услови кои ќе бидат достапни на одредени страници на истата локација. За евентуалните промени, Корисниците ќе бидат информирани со јавна објава на веб страницата и може да не контактирате со испраќање на е-маил на info@platinavrata.mk со барање овие податоци да бидат отстранети од нашата база на податоци, во спротивно, се смета дека е дадена согласност да се користат личните и други податоци, согласно условите од оваа Политика. Platinavrata овозможува интерактивна онлајн услуга преку веб-страната на домеинот Platinavrata.mk, со кој дејствува фирмата ТРАНС ИНТЕР ДОО Скопје. Сите понуди и цени на веб страницата може да се променат во било кое време, без претходно известување. Сите цени се со вклучен ДДВ. Сопственост на веб страницата Веб страницата platinavrata.mk, нејзината содржина и инфраструктурата која се користи за таа да се одржува веб страницата достапна и функционална, е наша сопственост. Со користење на оваа веб страница корисниците, посетувачи, продавачи и купувачи се согласуваат со сите правила и услови изнесени во овој текст. (a) Platinavrata Ви овозможува лимитирано право за да ja користите веб страницата во согласност со овие Услови на употреба и со сите дополнителни политики и правила поставени од Platinavrata; и (б) се согласувате дека нема да ја репродуцирате, дистрибуирате, пренесувате, препродавате било која содржина, софтвер или производи или услуги добиени преку веб страницата без претходно одобрување од Platinavrata. Употребување на веб страницата Со пристапување и употребување на оваа веб страна, Вие потврдувате и се согласувате дека: Имате најмалку 18 години Сте во можност да направите правна обврска Не ви е законски забрането да користите одредени услуги или производи Нема да се обидете да вршите било какво дејство веб страницатанеовластено превземање на информации на веб страната како пуштање robots, crawlers и други алатки за превземање информации Вашето користење на веб страницата во секое време ќе биде во согласност со овие Услови на користење Ќе правите легитимни купувања кои се во согласност со условите дадени во секоја понуда Ќе вршите купувања само од Ваше име, за Ваша лична употреба или наменети за подароци на пријатели Ќе оставате точни информации за Вас во било кое место на веб страницата каде оставате податоци Ќе ги ажурирате навремено податоците за Вас за секоја настаната промена Ќе купувате преку веб страницата со креирање на профил на веб страницата и било кое купување ќе биде предмет на Условите за купување, образложени подолу во овие Услови за користење Вашата лозинка и нејзиното доверливо чување е Ваша одговорност Регистрација и најава на веб страницата Доколку сакате да се регистрирате како корисници на www.Platinavrata.mk истото може да го направите со кликање на копчето “Регистрирај се” со внесување на своја е-маил адреса и лозинка. Друга опција е да се регистирате со опцијата логин со Facebook или логин со Google. При регистрација потребно е задолжително согласување со Условите за користење и Политиката за приватност и заштита на лични податоци на Транс Интер. Доколку не се согласувате не продолжувајте со процесот на регистрација. Доколку сакате да добивате дневни е-маил известувања постои не-задолжителна опција “Дали сакате да добивате промотивни емаил известувања?” каде треба да одберете Check Box “Да” или “Не” доколку сакате или не сакате да добивате дневни е-маил известувања. За наредно логирање потребно е да го внесете својот е-маил и лозинка за да се логирате. Доколку се логирате со Facebook или Google потребно е само да кликнете на копчето логин со Facebook или Google. По успешната најава можете да пристапите до веб страницата и да ги користите сите функционалности кои се достапни за корисниците. Информациите кои ги споделувате при регистрација се користат во согласност со Политиката за приватност и заштита на податоци на овој линк. Пристап до веб страницата Транс Интер го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на веб страницата или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина. Корисникот прифаќа дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на Platinavrata и Platinavrata не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел на Транс Интер е веб страницата Platinavrata да биде достапна 24 часа на ден, 7 дена во неделата, веб страницата може да е недостапна од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Корисникот разбира и прифаќа дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола наТранс Интер, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран од време на време. Транс Интер има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на веб страницата, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на веб страницата. Измена на Условите на користење Транс Интер го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Условите на користење и/или од Политиката за приватност и заштита на лични податоци. Таквите промени може да вклучуваат, меѓу другото, додавање на одредени такси или давачки. Ако Platinavrata прави било какви суштински промени, ние ќе Ве известиме со испраќање на e-mail, на e-mail адресата која е регистрирана со вашиот профил и/или со објавување на известување за промена на веб страницата. Промените кои ќе бидат извршени на овие Услови на користење ќе стапат на сила откако претходно ќе објавиме известување за промените на нашата веб страница. Овие промени нема да важат за производи или услуги купени пред да стапи на сила датумот на ваквите промени. Ако не се сложувате со промените можете да го избришете Вашиот профил без било каков надоместок и да не ги користите во иднина услугите на веб страницата по промената на условите. Овие промени ќе бидат важечки за новите корисници на нашиот сајт и за сите производи или услуги купени од страна на таквите нови корисници. Затоа Ви препорачуваме да ги пре-прочитате овие важни информации кои ги содржат нашите Услови на користење и Политиката за заштита на лични податоци од време на време, со цел да останете тековно информирани. Секое користење на веб страницата од страна на Корисник ќе се смета дека претставува прифаќање на сите измени од страна на Корисникот. Креирање на профил Можете да регистрирате и одржувате само еден профил на веб страницата за лична употреба. Вие сте одговорни за внесување и обновување на податоците во Вашиот профил. Како дел од измените на Вашиот профил имате опција да: промените, зачувате или избршете било какви лични и други информации од профилот или да се отчлените од добивање промотивни е-маил пораки. Вие сте запознаени и се согласувате дека Platinavrata нема никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлезе од или е поврзан со Вашиот профил. Само Вие сте одговорни за одржување на безбедноста на Вашиот профил и за било која активност која се случува на или е поврзана со Вашиот профил. Ние ќе претпоставиме дека било кое лице кое го користи веб страницата преку Вашиот профил сте Вие. Употреба на веб страницата Корисникот е одговорен за обезбедување и одржување телефонска опрема, компјутерски хардвер и друга опрема потребна за пристап и користење на оваа веб страница и сите трошоци поврзани со тоа. Platinavrata не е одговорен за било каква штета на опремата на Корисникот како резултат од користењето на овој сајт. Кодекс на однесување на Корисниците Сите интеракции на веб страницата веб страницата мора да се во согласност со овие Услови. Доколку дојдеме до сознание дека Вашето однесување му попречува или му забранува на било кој друг корисник да го употребува било кој дел од веб страницата, може да го ограничиме Вашиот пристап и користење на веб страницата. Следните активности се забранети на веб страницата веб страницата и означуваат кршење и непочитување на Условите на Употреба: А) Поставување било каква содржина на веб страницата веб страницата која: Ги прекршува применливите закони (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: закони за интелектуална сопственост, закони кои се однесуваат на заштита на лични податоци и закони кои се однесуваат на клевета); Содржи лични податоци, освен ако такви информации мора да се прибават заради остварување на конкретна легитимна цел во врска со користењето на веб страната за одредена цел; Содржи вируси или лош софтвер кој може да наштети; Нуди преземање на заштитени, доверливи или лични податоци; Има ефект на наметнување на другите; Содржи пораки од неовластени лица од Platinavrata, кои наводно зборуваат во име на Platinavrata или даваат доверливи информации поврзани со Platinavrata; претставува измама, или фалсификува податоци; или Користи авторски права, трговска марка или било кој друг тип на интелектуална сопственост, без јасна изречита поврзаност или согласност од сопственикот на авторското право, трговската марка или друга интелектуална сопственост Б) Секоја активност насочена кон: Пристапување до податоци кои не се наменети за Вас, како и логирање на сервер или профил која не се овластени за пристап; Скенирање или следење на веб страницата со цел собирање на податоци, во обид да се прати продажбата, користењето, агрегирани информации за понудите, информации за цените или слични податоци; Скенирање или тестирање на безбедноста или конфигурацијата на веб страницата или да се прекрши безбедноста или мерките за автентикација; или Мешање во употребата на веб страницата на било кој корисник на било кој начин, вклучувајќи, без ограничување, по пат на поднесување на вирус на веб страницата обид да се направи преоптоварување со “спам”, или да се напраив прекин на веб страницата. Б) Употреба на: Рамки (анг. frames), техники на рамки (наг. framing techniques) или технологија на рамки (анг. framing technology) да се прикаже или открие било која содржина од веб страницата без наша писмена дозвола; Било која содржина од веб страницата, вклучувајќи без ограничување Кориснички содржини (дефинирано подолу), во било кои мета таговите или било кој друг “скриен текст” техники и технологии без наша писмена дозвола; Веб страницата или било која негова содржина за да се рекламира или дистрибуира, за комерцијални, политички или верски цели или да се натпреваруваат, директно или индиректно, со Platinavrata; или Веб страницата или било кој од неговите ресурси за да придобие корисници, трговци или други трети страни да станат корисници или партнери на други онлајн или офлајн услуги директно или индиректно конкурентни или потенцијално конкурентни со Platinavrata, вклучувајќи, без ограничување, собирање тековни или претходно понудени понуди. Собирање на било кои од следните наведени работи: Содржина од веб страницата, вклучувајќи, но не и ограничена на тековните или претходните понудени промотивни понуди на веб страницата и потоа прикажување на корисниците на таква содржина на било кој начин со цел да се пренасочат корисниците од веб страницата кој друг трета страна, без наша писмена дозвола; Лични податоци (дефинирани во Политиката за приватност и заштита на лични податоци), Корисничка содржина (дефинирана подолу) или содржина од било кој корисник или Продавач. Г) Вклучување во било која од следните активности: Упаѓање или попречување на правилното функционирање на кој било дел, страница или област на веб страницата или на било кои функции или услуги обезбедени од страна на Platinavrata Преземање било каква акција што создава прекумерна побарувачка за нашите услуги или наложува, или може да наметне, неразумно или несразмерно големи оптоварувања на нашите сервери или други делови од нашата инфраструктура; Препродавање на било кои купувања направени преку веб страницата; Надминување или обидување да се надмине горната граница на одобрена количина на нарачки кога се врши купување на понудите, или на друг начин користење на било кој Platinavrata профил за да се купат производи или услуги за препродажба или за шпекулативни, лажни, измамнички или било кои други цели кои се изречно забранети во овие Услови на користење и условите на конкретната понуда на веб страницата; Пристапување, следење или копирање на било која содржина од веб страницата, користење на било кој “робот”, “пајак”, или други автоматски средства или било кој рачен процес за било каква цел, без нашa писмена дозвола; Агрегирање и прикажување на било кои актуелни или претходни понуди или содржина или други информации од веб страницата (без разлика дали користите линкови или други технички средства или физички записи поврзани со купувања направени преку веб страницата), со материјали од други сајтови без наша писмена дозвола; Длабоко прикриено поврзување со кој било дел од веб страницата (вклучувајќи, без ограничување, патеката за купување за секоја нарачка) без наша писмена дозвола; Поврзување до веб страницата од било кој друг веб-сајт без наша почетна и тековна согласност; или Дејствување незаконски или злонамерно против бизнис интересите или угледот на Platinavrata, нашите продавачи, купувачи, корисници или нашите услуги. Купување Доколку сакате да купите производ преку нашата веб страница, може да бидете регистрирани како корисник и да имате сопствен профил или пак да може да купувате преку опцијата посетител (guest user). Во објавите на производите се опишани: видот, намената, произведувачот, цената и продавачот кој ги дефинира условите под кои може да се купи производот. Platinavrata не е одговорен за рекламациите во однос на квалитетот на производот поврзани со описот на понудата. Цената на понудите може да се променат во било кое време без претходно известување од страна на Platinavrata. КУПУВАЧ е секој корисник и имател на единствен број на нарачка, кој се добива по електронската потврда на нарачката на определен производ, при што лицето кое ја врши нарачката е согласно да изврши електронска трансакција на парични средства веднаш или плаќање во готово при испораката, за цената определена за производот кој е на продажба, под условите за користење и продажба истакнати во опишаниот производ. При купување на производот, за да може да креирате нарачка и истата да ја реализирате, потребно е да го изберете и притиснете копчето ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА, при што ќе треба да одберете начин на плаќање и доколку е достапна опцијата за достава на производот, метод и адреса за испорака на производот. Секој обид да се реализира нарачка со прекршување на овие Услови на Platinavrata веб сајтот (вклучувајќи ги и условите на купување) ќе значи дека нарачката е неважечка. Услугите преку веб страницата се реализираат преку: користење на платежна картичка, плаќање при достава, плаќање од регистриран корисник, плаќање од посетител на страницата (“guest user”) или преку средства во торбичка. Вашата приватност Безбедноста на Вашите лични податоци е наш приоритет и ние сме одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста. Во Политиката за приватност и заштита на лични податоци можете да се информирате за важните правила под кои ние може да собираме, користиме и споделуваме лични податоци. Услови на купување, достава, замена и враќање на производ Со купување или добивање на било која понуда на веб страницата обезбедена од било кој Продавач, Вие се согласувате со овие Услови на употреба, вклучувајќи ги и Условите на купување, достава, замена и враќање на производ, достапни на овој линк Специјални програми Со учествувањето во било која програма, маркетинг промоција, игра или друга активност организирана од Platinavrata Вие се согласувате со овие Услови на користење. Авторски права и трговска марка Веб страницата содржи заштитен материјал, авторски права, трговски марки и други сопственички информации, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, видео, графика, музика и звук. Се што се наоѓа на овој сајт (“Platinavrata”) е во ексклузивна сопственост на ТРАНС ИНТЕР ДОО Скопје. Platinavrata има право на селекцијата, одбирање, координацијата или модификација на содржината како и во содржината која оригинално ја поседува. Platinavrata има авторско право над фотографиите кои се фотографираат за целите на понудите од фотографер на Platinavrata. СЕКОЕ КОПИРАЊЕ, ДИСТРИБУИРАЊЕ, ПРЕНЕСУВАЊЕ, ПОСТИРАЊЕ, ПОСТАВУВАЊЕ ЛИНКОВИ, МОДИФИЦИРАЊЕ, ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН МОДИФИЦИРАЊЕ НА ОВОЈ САЈТ ИЛИ НЕКОЈА ОД МИКРОСТРАНИТЕ ИЛИ НА БИЛО КОЈ ДРУГ НАЧИН КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНАТА, ДЕЛУМНО ИЛИ ЦЕЛОСНО надвор од причините и условите за редовно користење, БЕЗ ИЗРЕЧНА ПИСМЕНА ДОЗВОЛА ОД Транс Интер ДООЕЛ Склопје Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршување на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да резултира со граѓански и/или кривични казни. Корисникот не смее да прикачува, поставува или на друг начин става на располагање, на овој сајт, било каков материјал кој е заштитен со авторски права, трговска марка или друго сопственичко право на друго лице, без претходна дозвола од сопственикот на авторските права, трговската марка или другото сопственичко право. Транс Интер не сноси товар или одговорност, за да му даде на Корисникот информации дали одреден материјал е заштитен со авторски права, трговска марка или други права од интелектуална сопственост. Единствено Корисникот е одговорен за било каква штета настаната од секое прекршување на авторски права, трговски марки, сопственички права или кои било други штети што произлегуваат од таквиот материјал. Со поставувањето на материјал на било која јавна површина на оваа веб страница, Корисникот гарантира дека сопственикот на тој материјал експлицитно му дал не-ексклузивно право и дозвола за употреба, репродукција, прилагодување, право за објавување, превод и дистрибуција на таквиот материјал на Platinavrata. Корисникот, исто така, дозволува пристап до тој материјал од било кој друг Корисник, репродукција и чување од страна на тој корисник за лична употреба. Корисникот тука се согласува дека дава право на било кој друг Корисник да го копира, модифицира, одјавува и дистрибуира било кој материјал поставен на овој сајт од страна на Корисникот. Транс Интер го задржува правото да го раскине договорот со било кој Корисник, кој постојано ги крши авторските права на трети лица, врз основа на претходно навремено известување до Транс Интер од страна на сопственикот на авторските права или негов претставник. Без ограничување на горенаведеното, ако сметате дека заштитен материјал бил копиран или објавен на овој сајт на начин на кој ги прекршува правата на сопственост, би требало да го известите Транс Интер, со испраќање на следните информации: а) електронски или друг потпис на лицето овластено да дејствува во име на сопственикот на авторските права; (б) идентификација и локација на веб-веб страницата кој ја содржи заштитената содржина, која Вие тврдите дека е злоупотребена; (в) писмена изјава од Вас дека постапувате со добра намера и верување дека користењето на материјалот не е одобрено од страна на сопственикот, неговиот агент, или законот; (г) Вашето име и контакт информации, како телефонски број или e-mail адреса и (д) изјава од Вас дека горенаведените информации кои сте ги дале во Вашиот коментар се прецизни и точни, и тврдење дека сте сопственикот на авторските права или овластени да дејствувате во име на сопственикот на авторските права Корисничка содржина Веб страницата им овозможува на регистрирани корисници и посетители повеќе можности да ги прегледаат или постават мислења, совети, рејтинзи, дискусии, коментари, пораки, одговори и други комуникации, како и поставување на датотеки, слики, фотографии, видео, аудио снимки, музички дела и други содржини (колективно, “содржини”) преку форуми, огласни табли, групи за дискусија, виртуелни простории за разговор, анкети, блогови или други комуникациски објекти кои можат да бидат понудени на, преку, или во врска со овој сајт од време на време. Може да се бара од Вас да имате Platinavrata профил за да може да поставите содржина. Ако поставите било какви содржини, гарантирате дека: (а) Вие сте креаторот на содржините; или (б) ако делувате во име на креаторот, дека имате (i) изречна согласност од креаторот, да поставувате и променувате содржини, и (ii) ги имате сите права неопходни за доделување на лиценци во овие Услови за користење. Понатаму гарантирате (или, ако делувате во име на креаторот на содржини, сте го известиле креаторот дека изјавува и гарантира) дека споделувањето на содржини за целите кои сте ги одбрале не прекршуваат авторски права, трговски марки или други права на интелектуална сопственост или права на трети страни, вклучувајќи ги и правата на публицитет или приватност на трети лица. Вие гарантирате дека нема да поставувате, испраќате, пренесувате или на друг начин ставате на располагање содржини што се незаконски, штетни, заканувачки, навредливи, расистички, порнографски, непристојни, насилни, невистинити, клевети, инвазивни на приватноста на друго лице или штетни за било која трета страна; односно гарантирате дека истите не содржат било каков материјал кој крие вируси или било кој друг компјутерски кодови, фајлови или програми дизајнирани да се прекине, уништи или ограничи функционалноста на било кој софтвер или на компјутерска опрема. Транс Интер има единствено и апсолутно право, но не и обврска, да ги прегледа, промени, постави, да одбие објавување, да отстрани, да ги следи корисничките содржини и да ги открива содржините и околностите на нивниот пренос на било која трета страна, во било кое време, од било која причина, вклучувајќи да се утврди усогласеноста со овие Услови на користење и сите оперативни правила воспоставени од страна Platinavrata, како и да ги задоволи сите применливи закони, регулативи или овластени владини барањa. Без ограничување на горенаведеното, Транс Интер има право да ги отстрани било кои содржини од било кој друг сајт под контрола на Транс Интер, во својата единствена и апсолутна дискреција Транс Интер не превзема никаква одговорност за било кои содржини или други информации кои се појавуваат или се отстранети од веб страницата или на друго место. Транс Интер нема обврска да ги објавени понудените содржини. Корисникот може да менувате или отстранува содржини доставени или испратени преку својот профил. Транс Интер не дава никаква гаранција и не сноси одговорност дека корисничката содржина која сте ја менувале или отстраниле ќе биде изменета или отстранета од веб страницата или на друго место или дека содржините ќе престанат да се појавуваат на интернет, во пребарувачите, социјалните медиуми, или на друга форма, медиум или технологија. Содржина на трети лица Транс Интер, слично како и секој Интернет сервис провајдер, е дистрибутер (а не издавач) на содржини, обезбедени од страна на трети лица и крајни корисници. Соодветно на тоа, Транс Интер нема уредувачка контрола врз таквите содржини како и секоја јавна библиотека или книжарница. Секое мислење, совет, извештај, услуга, понуда, или други информации или содржина изразени или ставени на располагање од страна на трети лица, вклучувајќи ги и информациите на услуги, или било која друга информација од крајните корисници се на соодветниот автор или дистрибутер, а не на Транс Интер. Во многу случаи, содржината достапна преку овој сајт претставува мислења и расудувања на одредени лица кои ги дале информациите, на Корисникот, или на други корисници. Транс Интер ниту поддржува ниту е одговорен за исправноста и веродостојноста на било кое мислење, совет, или изјава на веб страницата од било кој, освен од овластен вработен. Под никакви околности Транс Интер нема да биде одговорен за било каква загуба или штета на Корисникот, предизвикани од негово потпирање врз информациите добиени преку веб страницата Platinavrata. Одговорност на Корисникот е да ја оцени точноста, комплетноста или корисноста на било која информација, мислење, совет, или друга содржина достапна преку веб страницата Platinavrata. Веб страницата содржи линкови до веб-сајтови на трети лица кои се одржуваат од други добавувачи на содржина. Овие линкови се ставени на располагање само како погодност за Вас, а не како наша поддршка на содржината на овие трети лица и Транс Интер изречно ја отфрла одговорноста во поглед на содржината и точноста на материјалите на таквите веб страни на трети лица. Ако Корисникот одлучи да пристапи до некој веб сајт преку линк, тоа го прави на свој ризик. Освен ако Транс Интер експлицитно Ви дозволил да го сторите тоа, не смеете да ставате надворешни линкови на веб страницата Platinavrata кои водат до други страни. Транс Интер го задржува правото да ја отповика својата согласност за било кој линк кој се користи во секое време, без да Ве извести однапред. Кориснички содржини од јавна природа ● Вие разбирате и се согласувате дека корисничката содржина е јавна. Сите дискусии за рејтингот, коментари, огласни табли, виртуелни простории за разговор и / или други пораки или средствата за комуникација се јавни, а не приватни пораки, и според тоа, другите може да ги прочитаат комуникациите. Секое лице (без разлика дали е или не е корисник на услугите на Platinavrata) може да ги прочита Вашите содржини без Ваше претходно одобрување. Ве молиме да не вклучувате какви било лични и други информации во Вашите содржини, освен ако не се согласувате тие да бидат јавно објавени. Вевспот не е одговорен за употреба или откривање на какви било лични информации кои Виe самите ги објавувате како корисничка содржина. ● Транс Интер не ja поддржува и не е одговорен за било која корисничка содржина поставена од Корисниците, и нема да да биде одговорен за било каква штета или загуба која сте ја претрпиле како последица на таквата содржина. Корисничката содржина е одраз мислењето на оној кој ја објавил истата, што во никој случај не претставува став или мислење на Транс Интер. Транс Интер не ги контролира или одобрува поставените содржинии посебно се оградува и не сноси одговорност во врска со Вашето користење на или повикување на било која корисничка содржина и какви било дејства кои произлегуваат од учеството во било кој дел на веб страницата, вклучувајќи ги сите несоодветни и непристојни кориснички содржини. Транс Интер го задржува правото да ги отстрани содржините кои смета дека се непристојни, навредливи или на било кој друг начин несоодветни и неприфатливи. ● Корисникот го задржува сопственичкото право над содржината која ја поставува. Непобарани идеи Ние не ги прифаќаме или земаме во предвид било кои идеи доставени или пренесени директно или преку било кој вработен во Транс Интер, вклучувајќи, без ограничување, идеи или предлози кои се однесуваат на нови производи или подобрување на постоечките, на имиња или технологии, на рекламирање и маркетинг кампањи, планови или други промоции кои Корисмниците ги сдоставуиваат во било кој формат, самостојно и неповикани. Не ни испраќајте нас, или на било кој од нашите вработени, несакани идеи, предлози, материјал, слики или други работи во било која форма (“Непобарани Материјали”). Ако ни испратите идеи, материјали и предлози од било каковвид и облик, се согласувате дека следниве услови ќе се применуваат, без оглед на испратено мотивационо писмо или други материјали кои сте ги испратиле: ● Транс Интер нема обврска да ги разгледа таквите материјали, ниту пак да ги чува како доверливи; и ● Транс Интер ги поседува, и може да ги користи и редистрибуира несаканите испратени материјали за било каква цел без претходно информирање на испраќачот и без негово знаење Општи услови за гаранција КОРИСНИКОТ ЕКСПЛИЦИТНО СЕ СОГЛАСУВА ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ОВОЈ САЈТ Е НА НЕГОВА ЛИЧНА ОДГОВОРНОСТ. НИТУ Транс Интер , НЕГОВИТЕ ОСНОВАЧИ И СОПСТВЕНИЦИ, НЕГОВИТЕ ПОДРУЖНИЦИ, НИТУ НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, АГЕНТИ, ПРОДАВАЧИ, ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ, СОРАБОТНИЦИ, ПРОВАЈДЕРИТЕ НА СОДРЖИНА ИЛИ ДАВАТЕЛИ НА ЛИЦЕНЦА ИЛИ НЕКОЈ ОД НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, ДИРЕКТОРИ, АГЕНТИ, НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА САЈТОТ ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТО, БЕЗГРЕШНО, БЕЗ ВИРУСИ ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ; НИТУ ПАК ГАРАНТИРААТ ЗА (А) РЕЗУЛТАТИТЕ, КОИ МОЖАТ ДА СЕ ДОБИЈАТ ОД УПОТРЕБА НА ОВОЈ САЈТ, ИЛИ БИЛО КОЈА МИКРОСТРАНА, ИЛИ ЗА (Б) ТОЧНОСТА, ВЕРОДОСТОЈНОСТА ИЛИ ЦЕЛОСНОСТА НА (1) СОДРЖИНАТА НА СТРАНАТА, ВКЛУЧИТЕЛНО, БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ ОД ПРОДАВАЧИТЕ, УСЛУГИТЕ И ПРОИЗВОДИТЕ КОИ СЕ НУДАТ; (2) ОПИСОТ НА ПОНУДИТЕ ОД ПРОДАВАЧИТЕ, ПРОИЗВОДИТЕ ИЛИ ДРУГИ ПРОГРАМИ; ИЛИ (3) КОРИСНИЧКА СОДРЖИНА ДАДЕНА ПРЕКУ САЈТОТ. ОВОЈ САЈТ И ЦЕЛАТА НЕГОВА СОДРЖИНА, КОРИСНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ, ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОНУДИТЕ И ПРОДАВАЧИТЕ СЕ СТАВЕНИ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА БАЗА “КАКО ШТО СЕ” И “КОГА СЕ ДОСТАПНИ”. ДО СТЕПЕН ДО КОЈ ДОЗВОЛУВА ПРИМЕНЛИВИОТ ЗАКОН, Транс Интер СЕ ОГРАДУВА ОД БИЛО КАКВА ОДГОВОРНОСТ И УСЛОВИ, ИЗРАЗЕНИ ИЛИ НАЛОЖЕНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ И ОГРАНИЧЕНИ НА, ОНИЕ КОЈ СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРЕКРШОЦИ, ТРГУВАЊЕ ИЛИ ПРИЛАГОДЕНИ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА. Ограничување на одговорноста ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ ТРАНС ИНТЕР ДОО Скопје, НЕГОВИТЕ СОРАБОТНИЦИ И НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, ОСНОВАЧИ, СОПСТВЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, АГЕНТИ ИЛИ ПРОДАВАЧИ, ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ И ПРОВАЈДЕРИ НА СОДРЖИНА НЕ СЕ ОДГОВОРНИ ЗА БИЛО КОИ ПОСРЕДНИ НЕМАТЕРИЈАЛНИ, СЛУЧАЈНИ, СПЕЦИЈАЛНИ, ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ КАЗНИ ИЛИ ШТЕТИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД, ИЛИ СЕ ПОВРЗАНИ СО: (А) ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА, СОДРЖИНАТА, КОРИСНИЧКАТА СОДРЖИНА И ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ СОДРЖАНИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА, (Б) ВАШАТА НЕМОЖНОСТ ДА ЈА КОРИСТИТЕ ВЕБ СТРАНИЦАТА, (В) ПРОМЕНА ИЛИ ОТСТРАНУВАЊЕ НА СОДРЖИНА ПОСТАВЕНА НА ВЕБ СТРАНИЦАТА, (Г) ПОНУДИТЕ ОД ПРОДАВАЧИТЕ, ПРОИЗВОДИТЕ, УСЛУГИТЕ ИЛИ ДРУГИ ПРОГРАМИ ПОНУДЕНИ ПРЕКУ ВЕБ СТРАНИЦАТА, ИЛИ (Д) ОВИЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА. Транс Интер во никој случај не одговара за содржината на објавените огласи, податоци и материјали кои се објавуваат и минуваат низ веб страната ниту од последиците од истите; за податоци, патенти, трговски марки, авторски права или права на интелектуална сопственост на Корисникот; нивната примена и губење; за индиректни последици и штети од било каква природа; за загуба на добивка; и/или за очекувањата на Корисникот од деловни можности, за видот и квалитетот на доставените производи и услуги и сл. Сите овие и други одговорности за и во врска со добрата, услугите, продажбата, информациите, податоците и сл. се на товар на Корисникот од моментот кога истите ги објавил. ВО БИЛО КОЈ СЛУЧАЈ ОДГОВОРНОСТА НА Транс Интер ВО ВРСКА СО НАПРАВЕНА НАРАЧКА ИЛИ ОБЈАВА ОД БИЛО КАКВА ПРИРОДА; НЕ МОЖЕ ДА ГИ НАДМИНЕ СРЕДСТВАТА ПЛАТЕНИ ЗА ТАА НАРАЧКА. ВКУПНАТА АГРЕГИРАНА ОДГОВОРНОСТ И ОБВРСКА ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ЗА КОЈА Транс Интер БИ МОЖЕЛ ДА ОДГОВАРА НЕ МОЖЕ ДА ЈА НАДМИНЕ СУМАТА ПЛАТЕНА ОД КОРИСНИКОТ ЗА НАРАЧКАТА ОД КОЈА ПРОИЗЛЕГЛА ШТЕТАТА. Надоместок на штети/ослободување Се согласувате да го браните и заштитите Транс Интер и неговите вработени лица, директори, агенти од сите обвинувања и трошоци, вклучително и адвокатски трошоци кои произлегуваат од или се поврзани со: (а) било која нарачка од продавач за производ или услуга кои сте ги купиле од веб страницата, (б) било која содржина поставена од Вас, поврзана со веб страницата или било кое користење на веб страницата кое ги прекршува овие Услови на користење, (в) измама која сте ја направиле Вие или (г) прекршување на било кои Закони на Р.С.М или права на трети лица. Само Вие сте одговорни за интеракцијата со Продавачите или другите корисници на веб страницата. До степен до кој применливиот закон дозволува, Вие тука се согласувате дека го ослободувате ТРАНС ИНТЕР ДОО Скопје од било кои обвинувања кои се поврзани или произлегуваат од купени услуги или производи од Продавачите, било која активност на Продавачот, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на било каква штета која може да Ви е направена од страна на Продавачот. Корисникот се согласува дека ќе го обештети и нема да го смета за одговорно Друштвото ТРАНС ИНТЕР ДОО Скопје, неговите одговорни лица, вработени и агенти за сите побарувања за отштета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од и во врска со користењето на оваа веб страна од страна на Корисникот. Електронска комуникација Кога го користите веб страницата или испраќате електронски (е-маил) пораки до Platinavrata, Вие комуницирате со нас по електронски пат и се согласувате да примате електронски пораки од нас во врска со Вашата употреба на веб страницата. Ние ќе комуницираме со Вас преку е-маил или преку поставување нотификации или коментари на веб страницата. Вие се согласувате дека сите спогодби, забелешки или друга комуникација која ви е пренесена по електронски пат ги задоволува правните закони и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ. Известувања од нас ќе се сметаат за уредно доставени на денот на испратената електронска порака од наша страна, на Вашата е-маил адреса која сте ја оставиле на Вашиот профил или сте ни ја дале низ друга форма на комуникација со Вас.